Натпреварот ФК „Победа“ и ФК „Македонија Ѓорче Петров“ прекинат - група на навивачи го нападале главниот судија
Група на незадоволни навивачи вчера влегле на теренот каде играле ФК „Победа“ и ФК „Македонија Ѓорче Петров“ и го нападнале главниот судија.
Вчера помеѓу 14:30 и 17:30 часот во Прилеп на градскиот стадионот „Гоце Делчев“ при одржување на фудбалскиот натпревар помеѓу ФК„Победа“ од Прилеп и ФК„Македонија Ѓорче Петров“ од Скопје, поточно во 72 минута, натпреварот бил прекинат поради тоа што поголема навивачка група влегла на теренот незадоволни од судската одлука, при што го нападнале главниот судија.
Додека при обезбедувањето на судиската екипа, делегатот, гостинската екипа и другите официјални лица на натпреварот, биле повредени двајца УПС од ПС-Прилеп, кои се здобиле со телесни повреди. Натпреварот бил следен од околу 2500-2800 гледачи, меѓу кои биле и навивачките групи „Мајмуни“ и „Маркови внуци“.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа