Нови и модерни патишта се реалност во Македонија

 

Светска банка го одобри кредитот од 83 милиони евра за изградба на патот од Ранковце до Крива Паланка. Тендерот треба да биде објавен наскоро и напролет да почнат градежните работи. Патот е во должина од 26,5 километри и ќе има по две ленти од двете страни. Градежните работи ќе траат 3 години, а патот треба да биде отворен за сообраќај кон крајот на 2019-та година, истакна неодамна вицепремиерот и министер за финанасии Зоран Ставреским анализира Лидер.

„Ќе се изгради во еден дел нов експресен пат, а на еден дел ќе се направи реконструкција со што патот ќе биде безбеден за сообраќај и полесен за возачите. Со парите од овој заем треба да се подобри транспортната поврзаност долж Коридорот 8, меѓу Скопје и Деве Баир. Подобрената источна секција од патот на Коридорот 8 ќе придонесе кон зајакнување на интеграцијата на земјата во регионот и во ЕУ, ќе го олесни пристапот до нови пазари, ќе обезбеди подобра поврзаност и пониски трошоци. Ова е вкупно трет транспортен проект за патишта кој Светска Банка го финансира во Македонија. Со првиот, кој ќе заврши на крајот од годинава, се рехабилитираа 284 километри регионални и 400 километри локални патишта. Вториот проект е за подобри магистрални и регионални делници на Коридорот 10 и 8 истакна Ставрески.

Во патната инфраструктира се инвестира како никогаш досега

Еден од приоритетите на Владата на Р.М е изградба на патната инфрасруктура. Во периодот од 2006 -та година со сега изградени се и реконструирани неколку автопати и делници во должина од 73 километри и вкупна инвестиција од 166 милиони евра. Во конкретниот период изградени се:

Во 2006 година рехабилитирана е делницата Гевгелија-Смоквица во должина од 11,5 километри. Вкупната инвестиција изнесува 9,5 милиони евра.

Во 2008 година беше пуштена во употреба Обиколницата на Скопје, која е дел од Коридорот 8, на ниво на автопат во должина од 26.8 километри. Вкупната вредност на проектот изнесува околу 15,1 милион евра.

Во 2011 година изградена е делницата Табановце – Куманово со должина од 7,5 километри. На автопатот Куманово – Табановце изградени се две клучки и тоа клучка Табановце и клучка Речица. Вкупна вредност на проектот е 13,3 милиони евра.

Во 2012 се изврши рехабилитација на автопатска делница Катланово-Велес. Должината на рехабилитираната секција изнесува 27,6 километри, а инвестициската вредност изнесува 6,6 милиони евра.

Автопати во изградба

Во моментов се градат три нови автопати Демир-Капија – Смоквица на Коридорот 10, автопат Мајка Тереза на релација Кичево – Охрид и автопат Гоце Делчев на релација Миладиновце (Скопје) – Штип. Во тек е рехабилитација на автопатска делница од Велес до Катланово (Скопје). Вкупно во тек е изградба на 155,7 километри нова автопатска мрежа или инвестиција од околу 795 милиони евра.

Изградба на автопат Демир Капија-Смоквица, во должина од 28,2 км како дел од Коридорот 10. Вкупната инвестициона вредност изнесува 210 милиони евра

Изградба на автопат Миладиновце – Штип (автопат Гоце Делчев), во должина изнесува 47 километри инвестиција изнесува 206 милиони евра

Изградба на автопат Кичево –Охрид(автопат Мајка Тереза) во должина од 57 километри. Инвестицијата е вредна 374 милиони евра,

Рехабилитација на автопатска делница Велес-Катланово (Скопје), со должина од 23,5 километри. Инвестицијта е вредна 5,6 милиони евра

Планирани автопати за изградба

Предизвик на Министертвото за транспорт и врски и секако Владата на РМ е изградба на нови автопатски делници во проектот за развој на транспортната мрежа во Република Македонија. Се планира изградба и рехабилитација на над 70 километри автопатски делници.Притоа во рамкте на овие инвестиции, планирани се следните проекти:

Изградба на автопатска делница Требениште – Струга. Оваа автопатска делница е во должина од 8,5 километри. Проценетата вредност на проектот е 45 милиони евра, а ќе се финасира со средства од ЕБОР.

Рехабилитација на автопатска делница Смоквица-Гевгелија. Со реализацијата на овој проект ќе се изврши рехабилитација и надградба на 10,15 км од автопатската делница од Смоквица до Гевгелија. Проценетата вредност за рехабилитацијата на оваа автопaтска делница изнесува 4,2 милиони евра. Проектот ќе се финасира со средства од ИПА и буџетот на РМ.

Рехабилитација на автопатска делница Куманово-Миладиновци. Предвидена е рехабилитација на секцијата Куманово Миладиновци (десен коловоз) со должина од 22,3 километри и на секцијата Миладиновци-Куманово ( лев коловоз) во должина од 22,5 километри. Проценета вредност е 16 милиони евра, а проектот ќе се финансира со средства од ИПА и буџетот на РМ.

Изградба на автопат Гостивар-Кичево. Автопатското решение предвидува изградба на коловоз со по 2 ленти со ширина од 3, 75 м и по една застанувачка лента со ширина од 2,5 м во секој правец.Оваа делница ќе биде продолжение на автопатот Кичево– Охрид.

Изградба на автопатска делница Скопје-Блаце. Оваа делница се планира да биде со должина од 13 километри и широчина од 27, 5 метри.

Рехабилитација на автопатска делница Неготино – Демир Капија. Со овој проект се планира комплетна рехабилитација на двата коловоза, поставување на нови банкини и заштитници, поставување на нова, современа хоризонтална и вертикална сигнализација. Делницата е долга 6,5 километри. Се очекува отпочнување на градежни работи во 2016 година и да траат 12 месеци. Проценета вредност на овој проект е 7 милиони евра, а ќе се финансира со средства од ИПА и буџетот на РМ.

РЕГИОНАЛНИ И МАГИСТРАЛНИ ПАТИШТА

Од 2006 година се до почетокот на 2015 година изградени и рехабилитирани се 39 регионални и магистрални патни правци со вкупна должина од околу 510 километри или вкупна инвестиција од над 93 милиони евра.

Патишта во изградба.

Во тек на изградба и рехабилитација се на четири регионални и магистрални делници со вкупна должина од 52,3 километри или инвестиција од 28,6 милини евра.

рехабилитација на регионалниот пат Маврово-Маврови Анови,( ЗАВРШЕН)

изградба на нов регионален пат Скопје-Сончев Град

изградба на нов регионален пат Опае – Бељаковце – Станчиќ – граница со Косово,

изградба на експресниот пат Велес-Кадрифаково

Планирани патишта за изградба

Во фаза на подготовка за отпочнување со рехабилитација се 11 регионални патни правци со вкупна должина од 158 км и тоa:

Битола – Ресен- Буково( ОТПОЧНАТ )

Спој со А4 (Ново Село) – Маврово – Жировница – Дебар (ОТПОЧНАТ )

Делчево – Голак

Мокрино – Смолари( ОТПОЧНАТ)

Мелнички мост – Центар Жупа

Лажани – Ропотово – Црнилиште

Кривогаштани – Обршани – Воѓани

Кочани – Делчево

Нов Дојран – Николиќ ( ОТПОЧНАТ )

Тетово- Брвеница- Чегране (ОТПОЧНАТ)

Градско – Прилеп ( експресен пат)

Охрид-Пештани

Штип-Кочани ( експресен пат)

Штип-Радовиш (експресен пат)

ЛОКАЛНИ ПАТИШТА

Во рамките на Програмата за изградба и реконструкција на локалната патна мрежа, во периодот од 2010 до 2015 година, реконструирани се 360 локални патишта во должина од 692 километри и инвестиција во вредност од 57,2 милиони евра.

“Владата за изградба на локални патишта ширум Македонија годинава издвои 7,2 милиони евра, а досега за таа намена има инвестирано 57 милиони евра секаде каде што било приоритетно и најпотребно. Така ќе продолжиме и во иднина затоа што се значајни за граѓаните, за економијата и за се што е поврзано со локалните патувања. По преземањето на власта многу интензивно почнавме со градба на локални патишта и не застанавме од 2006, иако во еден период не критикуваа дека многу обрнуваме внимание на локалните патишта, а малку на автопатиштата. Ние обрнавме поголемо внимание на автопатиштата, но го задржавме истото внимание на локалните патишта, изјави премиерот Груевски по посетата на селото Света Петка, во општина Сопиште.

Во 2015 година ќе се реконструираат 46 локални патишта со вкупна должина од 57 километри и инвестиција од 7.2 милиони евра. До сега рехабилитирани се 22 локални патишта.

 

 

Оцени ја веста

06.10.2015 - 12:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега