Се гради како никогаш до сега: Инфраструктурна експанзија во Македонија

 

Како никогаш до сега во Македонија се гради во инфраструктурната сфера. Моментално градиме 3 автопатишта паралелно- Кичево- Охрид, Демир Капија- Смоквица и Миладоновци- Штип. Очекувам дека во наредните две до три години комплетно ќе ги завршиме. Станува збор за преку 155 километри нова инфраструктура и преку 800 милиони евра инвестиции.

Ова го истакна министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски на денешната трибина „Инфраструктурна експанзија во Македонија“, во организација на Институтот Павел Шатев.

При крај е и автопатската делница Велес- Катланово. Се очекува во наредниве два месеци да биде финализирана и пуштена во употреба.

-Се работи за целосна реконструкција во двата правци, прво од Скопје до Велес, а сега ја завршуваме Велес- Скопје. Паралелно исто така работиме и на Велес- Кадрифаково, таа е поделена во три фази. Првата и втората веќе скоро се готови, машините и механизацијата сега се префрлени на третата фаза, подвлече Мисајловски.

Ресорниот министер ги најави и планираните автопати кои ќе се градат во наредниот период.

-Автопатската делница Смоквица- Гевгелија во должина од 10,15 километри, околу 4,2 милиони евра инвестиција и очекуваме дека до крајот на годината ќе се започне со работа. Имаме распишано тендер за автопатската делница Куманово- Миладиновци во двата правца, очекувам дека до крајот на годината ќе имаме потпишано договор бидејќи тендерот е веќе распишан. Предвидени се и други автопатски делници како на пример Требениште- Струга и очекувам дека првата половина на следната година ќе започнеме и таму со изградба. За изградба на автопатска делница Скопје- Блаце имаме обезбедено грант од еден милион евра каде што правиме физибилити студија за јавно-приватнио партнерство и паралелно основен проект. Имаме и рехабилитација на Неготино- Демир Капија, се работи за 8 километри. Ова е предвидено да започне во 2017 година, но мислам дека ќе почнеме и многу порано, додаде министерот Мисајловски.

 

 

Оцени ја веста

10.10.2015 - 14:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега