Лоши вести: Поскапуваат горивата
Расте цената на нафтата на светските берзи. Американската лесна нафта за испорака во ноември вчера тргувањето го заврши на нивото од 46,9 долари, што е за скоро еден долар поскапување во однос на цената од крајот на претходната недела.
Северноморската нафта од типот „брент“ која се увезува и во Македонија за барел достигна цена од 49,56 долари.
Минатиот понеделник, Регулаторната комисија за енергетика ги формираше малопродажните цени на нафтените деривати во Македонија, а идната корекција е најавена за 19 октомври.
Минатата недела цената на барел нафта изнесуваше 47,4 долари за барел, а денешната цена е за 6,5 долари повисока. Среќна околност е што доларот ја намалува вредноста но во вакви околности не треба да биде изненадување ако во вторник имаме значително повисока цена на горивата, меѓу 2 и 3 денари над моменталната.
Денеска, на бензинските пумпи низ Македонија, литар ЕУРОДИЗЕЛ чини 50 денари , ЕУРОСУПЕР БС 95 62 денари и ЕУРОСУПЕР БС 98 64 денари за литар.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа