Голем интерес за „Купи куќа купи стан" во Куманово

 

Голем број граѓани синоќа во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, присуствуваа на презентацијата на проектот „Купи куќа, купи стан“, кој го спроведува Министерството за финансии.

Преку овој проект сите граѓани кои се државјани на Република Македонија, брачни парови кои месечно имаат не повеќе од 1.300 евра приходи, немаат подигнато станбен кредит и немаат сопствен дом можат да аплицираат за добивање субвенции за стан или изградба на куќа. Има два модела на субвенционирање и тоа 50 отсто од рата или 50 отсто учество за купување на стан или 75 отсто за изградба или доградба на куќа.

- Субвенциите за станбениот кредит од Владата, можат да достигнат и до 14.000 илјади евра, во зависност од тоа кој модел од проектот ќе го изберат граѓаните и дали ќе се одлучат за купување куќа или стан. Граѓаните можат да одберат или Владата да плати дел од учеството или да плаќа дел од месечната рата првите пет години. За куќа субвенцијата е 75 отсто од учеството или ратата, а за стан 50 отсто, објасни Кирил Симеоновски од Министерството за финансии.

Додаде дека нема ограничување и оти сите кои ги исполнуваат критериумите ќе бидат субвенционирани. - Не постои никаква дискриминација. Максималниот износ на кредит кој може да се побара е 50.000 евра. Сите износи над 50.000 евра подлежат на субвенционирање, меѓутоа субвенцијата е иста како за кредит од 50.000 евра, рече Симеоновски од Министерството за финансии.

 

Станот, кој е купен преку проектот не смее да се продава или да се издава под кирија.

Во проектот „Купи куќа, купи стан“, кој се реализира почнувајќи од 2012 година, учествуваат осум банки. Преку проектот голем број семејства од градовите низ Македонија успеале да добијат свој дом. Проектот „Купи куќа, купи стан“ досега е презентиран во повеќе градови во државата преку караванот на Министерството за финансии. Караванот следната среда ќе го посети Тетово, а екипата од проектот „Купи куќа, купи стан“ најавува големо изненадување за граѓаните на крајот од месецов.

 

 

Оцени ја веста

15.10.2015 - 09:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега