Јанкулоска и Беџети денеска ќе печат оружје и дрога
Министрите за внатрешни работи и за правда Гордана Јанкулоска и Блерим Беџети денеска во комбинатот „Југохром”- Јегуновце ќе присуствуваат на уништување на запленето оружје кое потекнува од извршени кривични дела за кои веќе е донесена правосилна судска пресуда. Уништувањето на оружјето е по повод Светскиот ден за борба против малото и лесно оружје.
Освен оружје во печките на „Југохром” ќе биде уништена и голема количина дрога од кривични дела за кои исто така се донесени правосилни судски одлуки.