НОВИ РАБОТНИ МЕСТА: Австриски „Текспорт“ ќе гради фабрика во Општина Илинден

 

Во економската зона Марино-Кадино во општина Илинден денеска ќе биде поставен камен темелник за отпочнување со градба на нов објект на австриската компанија од текстилната индустрија „Текспорт“.

Компанијата се занимава со производство на текстилна заштитна облека, а во општина Илинден ќе гради фабрика на површина од 4.500 метри квадратни.

Вкупната инвестиција, според инвеститорите се проценува на 3,5 милиони евра, а се очекува да се отворат 400 работни места.

На отпочнувањето на гредежните работи ќе присуствуваат градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски и Отмар Шнајдер, сопственик на компанијата „Текспорт“. 

 

 

Оцени ја веста

21.10.2015 - 08:22
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега