Состанок на цариниците на Македонија, Унгарија, Кина и Србија

Акциски план со конкретни активности за соработка во областа на транзитната постапка чија основа е воведувањето компјутеризирана европска транзитна постапка усвоија претставници на царините на Македонија, Унгарија, Кина и Србија на состанок што се одржа изминатите два дена во Скопје.

На состанокот на тема „Анализа на ризик во транзитна постапка“, учесниците ги претставија своите искуства за примената на анализата на ризик, во согласност со препораките на Светската царинска организација, со цел намалување на недозволената трговија, но и забрзување на царинските формалности и транспортот, соопшти денеска Царинската управа на Македонија.

Македонија, по завршувањето на сите подготовки,  на 1 јули годинава пристапи кон конвенциите за заедничката транзитна постапка и за поедноставување на формалностите при трговија со стока со што се обезбеди единствено движење на стоката во рамки на земјите членки, од една влезна точка до местото на завршување на транзитната постапка

Мултилатералниот состанок, во организација на Царинската управа на Република Македонија, е продолжение на активностите од Рамковниот договор за соработка во олеснувањето на царинењето помеѓу царинските служби на Кина, Унгарија, Србија и Македонија, склучен во декември 2014 година во Белград.

 

 

Оцени ја веста

22.10.2015 - 11:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега