Викенд временска: Какво ќе биде времето за продолжениот викенд?

Времето во Македонија во текот на целиот ден ќе биде облачно со врнежи од дожд кои уште во раните утрински часови ќе започнат во јужните и западните делови. Во претпладневните часови ќе се прошират насекаде и претежно ќе бидат со умерен интензитет, што ќе придонесе вкупната количина на наврнат воден талог на места да биде над 50 литри на метар квадратен. Не е исклучено на највисоките планински врвови да има и повремен снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Температурата ќе се движи од седум до 13 степени.

Во Скопје ќе биде облачно со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат со умерен интензитет. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 10 степени.

Во петок претпладне врнежите ќе престанат и во следните денови ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со пораст на дневните температури, кои во недела ќе се движат од 14 до 20 степени. 

 

 

Оцени ја веста

22.10.2015 - 12:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега