Денот на Македонската национална борба одбележан во Велес

Општина Велес денеска во салата „Бели Мугри“ организираше свечена зкадемија во пресрет на утрешниот празник 23.октомври-Денот на македонската револуционерна борба и 122 години од основањето на македонската револуционерна организација. 
 
Пред присутните свое обраќање имаше градоначалникот Славчо Чадиев кој потенцира дека  овој датум, е се’ позначаен во историјата на македонскиот народ, посебно за граѓаните на Велес, бидејќи, истакна, овој македонски град е   најголемото јадро на хероите.
 
- Сите генерации Македонци во овие изминати 122 години имале своја мисија и свое значење. Имаме и ниe, да го сочуваме најсветото, идентитетот, јазикот, државата, нацијата да ја сочуваме. Нашата борба трае и ќе трае се’ додека постои родот македонски. Општина Велес останува достоен следбеник на своите големи синови, гордо, со достоинство и љубов ја раскажува нивната историска вистина, потенцира Чадиев.
 
Тој потсети дека наша најголема задача е нашите наследници да ја знаат историјата за својот народ и да ги научат своите деца на гордост и достоинство, како и да стојат цврсто и да ја бранат својата татковина Република Македонија.
 
Свеченоста беше збогатена со настап на реномираниот ансамбл „Македонија“, со изведба на песни и ора.
 

 

Оцени ја веста

22.10.2015 - 15:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега