Груевски оствари разговори со Хан, Јункер и други политички лидери

Премиерот Никола Груевски, на маргините на конгресот во Мадрид организиран од Европската народна партија, имаше низа куси средби и разговори со повеќе европски политички лидери и политичари присутни на конгресот на ЕПП.

Груевски, информира владината прес-служба, оствари средби и разговори со премиерката на Норвешка Ерна Солберг, со претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер, со комесарот на ЕУ за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан, со претседателот на ЕПП во Советот на Европа Педро Аграмунт, како и со Давид Мекалистер, европратеник од ЦДУ од Германија, со словенечкиот европратеник Алојз Петерле и со поранешниот премиер на премиер на Словенија Јанез Јанша.

 

Теми на разговор биле прашања кои се од интерес на Македонија, поддршка на процесите и интегративните цели на државата.

 

Инаку, доцна синоќа во рамките на конгресот на ЕПП, Жозеф Дол беше резибрана за претседател на ЕПП, со 96 отсто од гласовите.

Конгресот денеска продолжува со избор на потпретседатели, генерален секретар и благајник на ЕПП.

 

 

Оцени ја веста

22.10.2015 - 16:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега