Сдсмовската Телма продолжува со тешките лаги и не објавува одговори од Владата

Телевизијата Телма која беше дел од скандалот со лагите на Заев за посетата на Израел, кога лидерот на опозицијата беше директно демантиран од страна на Државата Израел, беше фатена во нова лага.

Вчера Телма објави дезинформација дека претседателот на Европската Комисија Жан Клод Јункер наводно ја повлекол поканата за учество на премиерот Никола Груевски на средбата која ЕК ја организира во недела а чија тема е кризата со мигрантите.

-Телма од дипломатски извори дознава дека поканата била подготвена за премиерот Никола Груевски но во последен момент претседателот на Европската Комисија Жан Клод Јункер побарал поканата да се повлече. Високи дипломатски извори потврдуваат дека причината е револтот кај првиот човек на комисијата затоа што се одложија роковите кои се напишани во договорот од Пржино,  беше објавено вчера на Телма.

Оваа дезинформација во текот на денот беше демантирана од страна на портпаролите на Европската Комисија и нејзиниот претседател, Маја Коцијанчич и Мина Андреева, кои истакнаа дека г-дин Јункер упатил покана до претседателот на Република Македонија, г-дин Ѓорге Иванов, и дека немало “промена(change)” или “замена(replacement)” на поканата.

Дупло голо за Телма – Груевски и Јункер во пријателско расположение на Конгресот на ЕПП

Како наводна причина за наводното повлекување на поканата кое го измисли Телма, за што самата Европска Комисија истакна дека не се случило односно немало никаква замена или промена на поканата, сдсмовската телевизија наведува уште една лага, а тоа е дека наводно поканата била повлечена, заради некаков револт од пролонгирањето на роковите од догворот од Пржино и затоа според Телма, Јункер не сакал да се види со Никола Груевски.Самата ЕУ кажа дека немало повлекување на поканата.

Уште истиот ден оваа лага на Телма беше демантирана од Мадрид каде што се појавија фотографии каде што премиерот Груевски и претседателот на ЕК Јункер разговараат со видливо пријателско расположение. 

junkerngruevskii

 

Трето голо и трета лага на Телма – или не знаат англиски или свесно манипулираат

Телма, фатена во директната лага, се обиде да направи манипулација и со изјавите на европските портпароли.

Ставот на портпаролката Мина Андреева беше јасен – Нема промена/замена на поканата (There has been no "change"/"replacement" of the invitation) и овој одговор на Андреева го пренесоа сите медиуми, освен Телма.

Телма пак ова “no "change"/"replacement””  го протолкува како “без претходни консултации” , во очаен обид да се извлече од лагата, притоа повикувајќи се на друг европски портпарол Коцијанчич иако е нејасно зошто би се поставило прашање дали имало консултации на г-дин Јункер, кога лагата на Телма беше дека имало промена на поканата за премиерот.

Дали не знаат англиски или свесно манипулираат, останува да проценат читателите.

junkeeergruevskiii

Телма иста како А1 – не објавува владини одговори, со манипулациите наидува на потсмев

За скандалот во кој се најде телевизијата Телма со своите лаги и тоа по втор пат во пет дена, да биде поголем, говори и фактот што оваа телевизија по демаскирањето на нивните лаги и измислици, сакајќи да се извлече дополнително пропадна во морето од невистини.

Курир има проверена информација дека денес Телма се обратила до Владата со барање за одговор на прашања кои немаат никаква врска со нивната основна лага дека наводно имало покана до премиерот Груевски која подоцна била повлечена, лага која ја демантираа директно и од Европската Комисија.

Иако од Владата одговориле на прашањата кои биле депласирани и немале никаква врска со темата и ги испратиле одговорите на време, Телма во своето издание на вестите не ги објави одговорите кои го претставуваат владиниот став по однос на целата тема и лагите на телевизијата. Наместо јасен одговор беше прочитано селективен текст со многу (намерни или ненамерни грешки на спикерката) од кои гледачите не можеа да разберат ништо. Телма спротивно на секоја логика и рационалност, очигледно свесна и под притисок на фактот дека е фатена во лага, информираше повторно со дезинформации и директниот демант на портпаролите на Европската Комисија и на г-дин Јункер на дезинформацијата која ја објави Телма, се обиде да го претстави како поддршка на нивниот став, што освен потсмев кај гледачите кои ги гледале вестите на Телма остави и чувство на обид за навреда на интелигенцијата на македонската јавност.

Јасна сдсмовска обоеност на Телма

Очигледно е дека телевизија Телма во пет дена е фатена два пати во тешки лаги кои се единствено во функција на партиската пропаганда на СДСМ, и на ништо друго. На овој начин оваа телевизија крајно се обои партиски и сериозно отстапи од новинарските стандарди и етика. Дали е тоа резултат на промената на уредничкиот тим или на притисок од некого останува да го одговорат тие самите.

Но факт е дека Телма во последно време почна да објавува многу деизнформации затскривајќи се зад параванот на терминот “дознаваме”, дезинформации кои во целост беа демантирани и демаскирани со факти и аргументи од разни субјекти од земјата и од странство, последните две лаги беа демантирани од страна на Државата Израел и од страна на официјален Брисел.

 

 

Оцени ја веста

22.10.2015 - 20:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега