Јолевски: Со одбележување на патриотите на пиедестал го ставаме македонскиот копнеж за мир, еднаквост, демократија

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски по повод големиот празник 23 Октомври - „Денот на македонската револуционерна борба“ упатува честитка до припадниците на Армијата на Република Македонија и до сите граѓани на нашата татковина.

-Денес го славиме делото на нашите предци кои пред повеќе од еден век се бореле и го дале својот живот за независна и самостојна Македонија. Со одбележувањето на патриотите кои сето свое битие го насочиле кон осамостојувањето на својата татковина, на пиедестал го ставаме македонскиот копнеж за мир, слобода, еднаквост и демократија, истакнува  Јолевски во честитката.

Она што нашите предци го засадиле, потенцира министерот, ние мораме да го чуваме и негуваме.

-Припадниците на Армијата на Република Македонија се патриотите кои денеска стојат на браникот на современите вредности, не само за граѓаните на Република Македонија, туку на глобално ниво“, додаде тој. „На припадниците на Армијата на Република Македонија им порачувам да останат одлучни во чекорите кои ги превземаат и верни на мисијата која ја остваруваат“.

 

 

Оцени ја веста

23.10.2015 - 10:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега