Иванов: Денот на македонската револуционерна борба е празнување на идејата за самостојна и независна Македонија

 

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов упати честитка по повод одбележувањето на државниот празник 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

- Одбележувањето на 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба е празнување на идејата за самостојна и независна Република Македонија. Овој ден претставува завет на македонските револуционери, предвесник на Македонската Револуционерна Организација, симбол на непокор, патриотизам и правда, вели во честитката Иванов.

Овој ден, како што посочува Иванов, е паметник за шестемина македонски патриоти кои се здружија со визијата за слободна Македонија, со што ја втемелија и ја осведочија желбата за независна држава која ќе ги сплоти сите под едно знаме, во една цела земја, под едно име – Република Македонија.

- Вечно ќе ги славиме и ќе се сеќаваме на хероите, Хаџи Николов, Поп Арсов, Груев, Татарчев, Димитров и Батанџиев. Патот до слободата што го започнаа шестемина родољуби, го продолжија илинденците и асномците остварувајќи го вековниот стремеж за сопствена, суверена и демократска држава. Затоа, овој светол празник нè обединува и денеска во остварувањето на нашата мисија за создавање на просперитетна и европска Македонија, подвлекува во честитката македонскиот претседател. 

 

 

Оцени ја веста

23.10.2015 - 10:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега