Денеска е Св. маченици Евлампиј и Евлампија

Денеска е Св. маченици Евлампиј и Евлампија.

Беа брат и сестра, од Никомидија. За време на прогоните на Максимијан, една група христијани се засолни во една пештера надвор од градот. Евлампиј го пратија в град по леб. Тој наиде на царската наредба, залепена на ѕид, да се гонат и убиваат христијаните и ја искина, па беше изведен на суд. Кога судијата го советуваше да се откаже од Христа, и Евлампиј почна да го советува судијата да се откаже од идолите и да Го признае Христос како единствен жив Бог. Заради тие зборови беше ставен на маки. Кога сестра му слушна за тоа, дотрча од пештерата и таа заедно со братот да ги прими маките заради Христа. Најпосле, на Евлампиј му беше отсечена главата, а Евлампија издивна од измачувањето.

 

 

Оцени ја веста

23.10.2015 - 10:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега