Вељановски упати честитка по повод Денот на македонската револуционерна борба
Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски, по повод 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба, на сите граѓани на Републиката од свое лично име и од името на пратениците во Парламентот им го честитам овој голем празник.
- Наша обврска и должност е да оддадеме достојна почит на успесите од минатото, но гледајќи решително, заедно и обединето кон иднината. Внатрешната македонска револуционерна организација ја определува вредноста на се што е македонско. Застана на патот и беше решена како организација цврсто да ги брани македонските национални, културни, историски и цивилизациски придобивки, со длабоко врежано чувство на грижа за сите кои живеат на македонско тло, без разлика на вера и етничка припадност. Македонскиот непокор и вековната желба за слободна Македонија се вткаени во овие четири букви кои беа движечка сила за сите херојски подвизи. Во оваа прилика мораме да се потсетиме дека Македонија е зборот кој ги водеше борците за независна Македонија, и тој збор треба да не води и нас во денешните битки. Ние сме должни да го чуваме нашиот идентитет, јазик и култура, да сме обединети и да ги остваруваме нашите заеднички интереси, вели во честитката Вељаноски.
Ние како граѓани на Република Македонија, како што подвлекува Вељаноски, ја имаме можноста да работиме во демократска држава, и заедно да се вложиме кон нејзин развој и модернизација за генераците кои ќе следат да бидат горди на својата држава.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа