Аналитичари: Граѓаните научија да му веруваат на политичар, довербата во Груевски ќе се зголемува

Резултатите од најновата анкета за испитување на јавното мислење јасно покажува убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ на следните парламентарни избори, но и три пати поголема доверба од граѓаните за премиерот Никола Груевски во однос на Зоран Заев.

Својот глас на избори за ВМРО-ДПМНЕ би го дале 23,5 проценти, додека за опозициската СДСМ би гласале 12,4 отсто од анкетираните. Во испитувањето на јавното мислење на Брима Галуп, за македонскиот премиер доверба дале 21,4% од граѓаните. Груевски ужива три пати поголема доверба од лидерот на опозицијата Заев на кого доверба му дале 7,9% од граѓаните. 

Според експерите ваквите резултати се јасен показател за тоа на кого граѓаните му веруваат, односно дека довербата му ја даваат на тимот кој веќе години наназад покажува дека со посветена и чесна работа се постигнуваат огромни резултати.

Според аналитичарот Александар Пандов намалувањето на стапката на невработеност, зголемувањето на платите, пензиите, социјалната помош, како и големиот број инвестиции во образованието, здравството и инфраструктурата се јасен показател за позитивни промени кои на граѓаните им даваат сигурност и одлучност за тоа кому ќе ја дадат довербата.

-А што имаме од друга страна. Од другата страна имаме партија која успеа во времето на нивното владеење да ни ја донесат државата како лидер по број на невработени, им ги намалија 10% пензиите на пензионерите, училиштата и градинките ни се распаѓаа, а не стануваше збор за изградба на нови. Тоа што не градеа нови амбуланти и болници како да беше малку, па и постојните беа тотално запуштени, а ако некој донира нов апарат за некоја посложена операција истиот беше веднаш носен во подрум, бидејќи никој од персоналот не знаеше да работи со него. Земјоделците не добиваа субвенции, социјална помош скоро и да немаше. Сите овие работи направија премногу јасна слика на народот на избори за кого да гласа. Народот во Македонија години нананазад гласа ЗА, а не ПРОТИВ. Затоа никого и не го изненадува последната анкета на Брима Галуп од која јасно и недвосмислено се гледа дека ВМРО-ДПМНЕ има двојно поголема поддршка од СДСМ. За мене уште повпечатлива е разликата помеѓу лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Таа е три пати поголема во корист на Груевски. Така е затоа што Груевски покрај тоа што успеа да состави одличен тим и со него одлично да менаџира, воведе "институција" Даден Збор. Ние за прв пат гледаме дека можело политичар да ти вети нешто и ти да си сигурен дека тоа ќе биде исполнето! Едноставно луѓето се научија за прв пат да му веруваат на политичарот. И кого имаме како негов опонент? Зоран Заев. Трчи-лажи лик, кој а отвори уста, а знаеш дека лаже. Аболициран тип за афера од 8 милиони евра. Примитивец кој на најсељачки начин се обидува да дојде на власт. Суштество кое без око да му трепне би го променил името Република Македонија. Ако во нешто можеби и ќе успее, тоа е да ја и се одземе препораката на Република Македонија која шеста година по ред ја добива за почеток на преговори и тоа само поради неговите активности, вели Пандов за Курир кој изразува уверување дека токму поради различниот начин на работа, разликата меѓу Груевски и Заев дополнително ќе се зголемува.

Аналитичарот Тони Науновски смета дека СДСМ и Заев со антимакедонското однесување кое го пласираат нема да успеат да дојдат на власт.

-Статистичките, научни истражувања на македонската политичка свест и мислење го потврдуваат фактот што ние го живееме, чувствуваме, знаеме – дека актуелното раководство на СДСМ со бескрупулозниот и толку антимакедонски проект за насилно превземање на власта, нема да успее. Доминантното мислење на македонскиот народ е јасно и потврдено со безброј методи на емпириска верификација на јавното мислење, односно анкети – ВМРО-ДПМНЕ е легална, легитимна власт, вели Науновски.

Граѓаните на Република Македонија, во огромно мнозинство сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ би извојувала убедлива победа на предвремените парламентарни избори. Огромни 43,2% од граѓаните сметаат дека партијата чиј лидер е Груевски би однела победа на изборите. Повеќе од двојно помалку од граѓаните пак сметаат дека СДСМ би бил победник, односно 19,9 проценти.

Ваквите резултати се уште еден показател дека СДСМ стануваат свесни дека нема да победат на следните избори, па очајнички превземаат секакви мерки за да избегаат од избори, наштетувајќи и на Република Македонија. Минирањето на преговорите поради стравот на СДСМ преточен во нелогични и апсурдни барања кои не се дел од договорот во Пржино и далеку од здравиот разум,  може да придонесе земјава да ја загуби препораката за почеток на преговорите.

 

 

Оцени ја веста

23.10.2015 - 11:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега