„Борбата за Македонија се вика ВМРО“

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани им го честита државниот празник 23 Октомври - Ден на македонската револуционерна борба.

                 Денес славиме 122 години од раѓањето на првата организирана идеја и мисла за слободна Македонија. Денес го славиме раѓањето на идејата за слободна Македонија.

                 Борбата за Македонија се вика ВМРО.

                 Формирањето на ВМРО значеше почеток на македонската борба, значеше Илинденско востание, значеше Народно-ослободителна војна, значеше АСНОМ, значеше 8 Септември.

                 Со формирањето на македонската револуционерна организација започна организираната борба на македонскиот народ за слобода и создавање на своја независна држава. Овој ден не потсетува на решителноста, одлучноста и пожртвуваноста на нашиот народ во стремежот за слобода и за своја независна држава.

                 На овој ден им оддаваме почит на шестте великани, основоположници на идејата за слобода на Македонија, Христо Татарчев, Дамјан Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи-Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев. Нивниот пример го следеа илјадници наши луѓе, кои несебично се жртвуваа за идејата за слобода за Македонија.

                 Да биде вечна идејата за слобода!

                 Да биде вечна Македонија!

 

                 Честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба!       

(Интегрален текст од честитка на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ) 

 

 

Оцени ја веста

23.10.2015 - 11:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега