„На денешен ден беше запалена искрата која го разгори огнот за национално ослободување на Македонија“

 

ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани им го честита денешниот празник 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба.

- На денешен ден беше запалена искрата која го разгори огнот за национално ослободување на Македонија. Идејата за организирана револуционерна борба беше водилка на илјадници македонски дејци, револуционери и херои. Нивната саможртва го одржа жив до ден денешен нивниот аманет и заклетва за слободна и независна  Македонија која секој од нас треба да ја гради и сесрдно да придонесува во нејзиниот напредок, се наведува во честитката од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

Оцени ја веста

23.10.2015 - 12:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега