Бакрачески ги договори деталите за големата пролетна промоција на Охрид во Тел Авив

Во текот на вчерашниот последен ден од посетата на Израел продолжија поединечните средби на преставниците на локалната самоуправа со менаџери на компании од областа на туризмот, спортот и високата технологија. Градоначалникот Бакрачески и раководителот на секторот за туризам се сретнаа со Шмуел Цурел, поранешниот Директор на Хотелската Асоцијација на Израел и Директор на маркетинг за странски држави при Министерството за Туризам на Израел, а сегашен Генерален Директор на S. ZUREL компанија за тиристички маркетинг, како и со Ангел Вајнштајн, поранешен Директор на Оделот за странски држави на авио компанијата ''Ел Ал'' ( El Al ) и Генерлен Менаџер на Воздухопловни услуги на Израел.

На средбата се разговараше за организација на престојната голема туристичка промоција на Охрид во Тел Авив која е планирано да се одржи во периодот пред почетокот на следната туристичка сезона во Охрид.

bakrac-1.jpg-500

Воедно се разговараше и за посета на Охрид од страна на најголемите израелски туроператори на кои ќе им се презентира туристичкиот потенцијал на охридскиот регион како и можностите за соработка со домашните туристички работници.

 

 

Оцени ја веста

23.10.2015 - 14:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега