Младите во фокусот на „Австриско-македонските денови“

„Младите создаваат подобра Европа“ и „Од едукација до кариера: трансфер на добри претприемачки практики од Австрија во Македонија“ се темите на дискусиите за кои денеска се разговораше на манифестацијата „Австриско-македонски денови“. Организатори се клубот „Алпбах“ Македонија во соработка со Австриската амбасадата и Стопанската комора на Австрија. 

Претседателот на клубот „Алпбах“ Македонија Пиштар Љутвиу информира дека целта на проектот е продлабочување на македонско-австриското пријателство и на успешната соработка меѓу двете држави.

Франц Фишлер, претседател на Европскиот клуб „Алпбах“ соопшти дека се обидуваат да ги поканат младите и од Македонија да учествуваат на форумот на „Алпбах“ што се одржува секоја година. Оваа година, како што рече, имаше 800 млади од 40 држави. 

- Главната цел е да им овозможиме на младите луѓе да учествуваат во разни дискусии, да се надградуваат и да помогнат во градење на граѓанското општество во своите држави, рече Фишлер. 

Тој информира дека дискутирале и за одливот на младите високообразовани лица од Македонија, а за тоа да се спречи, според него, најважни се работните места.  - Треба да создадеме услови и клима за инвестиции кои ќе отворат нови работни места, рече Фишлер, според кого во Австрија има околу 20 илјади лица од Македонија.

Клубот „Албах“ вчера го организираше и Австрискиот ден на кариера каде австриските компании во Македонија се промовираа пред младите и студентите, ги презентираа своите активности и видот на работна сила што ја регрутираат. 

 

 

Оцени ја веста

23.10.2015 - 14:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега