Груевски: Создадовме најдобра бизнис клима, тоа го потврдуваат меѓународните организации

Само економски независен човек е вистински слободен човек. Затоа лозунгот со кој јас се будам и заспивам секој ден е економија, економија и економија. Знам дека слободата мора да биде поткрепена со економски развој, и дека приоритет на секој одговорен политичар е да граби кон остварување на економските проекти кои ќе имаат реален придонес во животот на секој човек и секое семејство во Македонија. Тоа не е нималку лесно и не е едноставно, ама тоа мора да се прави и најголем дел од времето да се посветува, не само од мене и од Владата, туку од секој политичар на економијата и на одговор на прашањето како можеме ние со нашите дела да го подобриме живото на секој човек. Големо е задоволството кога фактите и бројките потврдуваат дека од залагањата и делата има резултати,иако има уште многу да се направи, рече премиерот Никола Груевски при обраќањето на свечената академија по повод 23-ти Октомври.

-Така на пример, за мене е многу значајно што кога дојдов во Владата во 2006та, во  Македонија имаше вработено 560 илијади луѓе, а денес се врботени 700 илјади луѓе во нашата држава. Тоа се оние новоотворени 140 илјади нови работни места за кои некогаш говориме. Годинава го достигнавме историски најниското ниво на неврботеност од 26,8 осто, најниско од осамостојувањето до денес. А да потсетам, наследивме историски највисоко ниво на невработеност од околу 38 осто во 2006тата, рече Груевски.

Тој нагласи дека во минатите 2 години Македонија споредено со другите земји во Европа имаше втор највисок раст на економијата.

-Годинава, на почетокот на годината прогнозите на светската банка и ЕК беа дека ќе бидеме први по економскиот раст во Европа. Политичата криза во земјата и кумановските настани ја искомпликуваа работата на економијата, но и покрај овој тежок период, можеби не први, но сигурно ќе бидеме во првите 5 земји според растот на економијата.И покрај проблемите, странските инвестиции во однос наминатата година растат,, опаѓа дефицитот на тековната сметка, а имаме доволно стабилно ниво на девизни резерви за покривање на 4,7 месеци увоз.Растат и депозитете на граѓаните во банките, но и довербата кон денарот.Создадовме една од најдобрите клими во светот за водење бизнис, и тоа ни го признаваат сите меѓународни финансики и економски организации, а истото се рефлектира и на терен со отворање на многу нови фабрики, а со тоа и работни места, кои порано ги немаше. Затоа велам, кога ќе не цените, цените не според бројките и фактите. Така се мерат и се вреднуваат делата.Ова го правиме за сите граѓани, независно на нивната политичка, етничка или верска ориентација, а најмногу го правиме за младите, рече Груевски.

 

 

Оцени ја веста

23.10.2015 - 22:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега