Богов: Политичката неизвесност влијае врз економскиот раст

Политичката неизвесност во Македонија има негативно влијание, оценува гувернерот на Народната банка на Република Македонија и најавува дека за една до две недели оваа институција ќе излезе со нова проекција за економскиот раст за оваа година. 
 
Тој очекува што побрзо да се надмине оваа ситуација и порачува дека на економските агенти им е потребна извесност и стабилно окружување за работење. 
 
- Во април излеговме со проекција од 4,1 процент економски раст за оваа година. Веќе е јасно дека тој нема да се оствари, односно ќе биде понизок. Во моментов ги работиме проекциите и за недела до две ќе излеземе јавно и ќе кажеме колку се нашите најнови очекувања за економскиот раст во оваа, а и за наредната година, изјави гувернерот Богов денеска по отворањето на Првиот регионален форум на Источна Европаи Централна Азија за финансиска вклученост, кој во организација на НБРМ се одржува во Скопје.
 
 
26.10.2015 - 12:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега