Нови 2.973 потврди за барање азил, досега издадени 178.902 на странски државјани

- За 24 часа издадени се потврди на вкупно 2.973 странски државјани, од кои 1.472  се од машки пол, 516 се од женски, 602 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 383 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, соопшти денеска МВР, најбројни се државјаните на   Сирија 1.942, Авганистан 549,  Ирак 273, додека другите се во помал број.

Во периодот од 19.06.2015 до 26.10.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 178.902странски државјани, од кои, 111.534 се од машки пол, 25.413 се од женски, 33.836 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 8.119 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 120.648, потоа Авганистан 31.147, од Ирак 13.954, Пакистан 3.981, Иран 2.776, Палестина 1.6.14, Сомалија 927,Бангладеж 880, Конго 471, од Нигерија 251, Камерун 222,  Еритреја 207,додека останатите се во помал број. 

Во периодот од 08,00 часот на 25.10.2015 до 26.10.2015 година во 08,00 часот до Одделението  за азил не се поднесени  барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил .

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 26.10.2015 година до Одделението  за азил се поднесени 70 барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 51 барања се од државјани на Сирија, од нив 15 за деца, потоа пет барања од државјани на Авганистан од нив, четири се деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 25.10.2015 година евидентирани се вкупно 4 баратели на азил, сите мажи. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита 2 баратели на азил ( малолетно лице  со придружба на старател и еден  маж )  се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.

 
 
26.10.2015 - 12:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега