Граѓаните може да заштедат и до 50 проценти за рани резевраци за зимски одмор

 

За рани резервации за зимски одмор граѓаните може да заштедат и до 50 проценти, информира Елизабета Попоска туристички работник во Струга.

Според неа, за резервации до 31. октомври туристичките агенции нудат попуст од 25 до 50 проценти за сите хотели во Република Македонија. Процентот се намалува за резервации во ноември и декември.

- Секој што планира да оди на одмор добро е да го искористи овој период да резервира. За еден семеен одомор во просечен хотел се користи од 250 до 300 евра намалување на цената за рана резервација, вели Попоска.

Посочува дека изработуваат и програма за ученици, за што родителите се задоволни бидејќи добиваат намалување на аранжманот за околу 50 евра по ученик, отколку ако одлучат да го пуштат детето на зимување во последен момент.

Попоска смета дека е потребно да се направи промена во принципот на работа околу раниот и доцниот букинг.

- Последните години се трудиме да дадеме впечаток на раниот букинг, тоа е подобро и за патниците и за туристичките агенции. Се планира на време, се добива попуст кој за определени програми е до 35 проценти. За зимувањата има и до 50 отсто намалени цени за ран букинг. Одиме на тоа да се планира на време кога и како да се реализира патувањето, изјави Попоска.

Според неа, ласт минут понудите треба да се даваат ден два пред реализација на аранжманот, а не една недела порано.

Покрај сезонски, туристичките агенции во струшкиот регион работат преку целата година со реализација на програми за продолжените викенди, празници...

 
 
26.10.2015 - 15:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега