Денеска уживавме во сонцето - погледнете какво време не очекува утре

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и слаб ветер, претежно од источен правец. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла и ниска облачност. Минималната температура ќе се движи од -2 до 6, а максималната од 15 до 20 степени.

Во Скопје утре сончево со мала до умерена локална облачност и слаб ветер, претежно од источен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 18 степени.

Во следните денови времето ќе биде претежно стабилно и посвежо, во утринските часови по одделни котлини со појава на магла. Зголемена облачност ќе има во среда, а особено во четврток, кога е можна и локална појава на слаб дожд.

 
 
26.10.2015 - 16:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега