ВМРО-ДПМНЕ: Наместо Заев, Владата ги спроведе сите капитални инвестиции во образованието во Струмица

Денес градоначалникот на Општина Струмица конечно се појави на своето работно место, притоа во негов стил, сензационално презентирајќи како реконструкцијата на еден училишен објект била обврска на централната власт, која, откако не била реализирана, тој лично ја превзел и завршил, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение Ви го пренесуваме целиот текст интегрално: 

Несвесно, со ваквата изјава тој се прогласи за ненадлежен над воспитно образовниот процес, замислете, во општината со која директно раководи!

Вистината е дека во изминатите неколку години наместо Зоран Заев, сите капитални проекти и инвестиции во образовната инфраструктура во Струмица се реализирани од страна на Владата на Република Македонија предводена од ВМРО–ДПМНЕ, која континуирано и подеднакво инвестира во сите рурални, урбани средини и населени места.

Така, во општина  Струмица, во рамки на владиниот проект за изградба и опремување на 145 училишни спортски сали изградивме современа спортска сала во состав на СОУ  ,,Димитар Влахов, за што инвестирани се 40 милиони денари. Додека, со реконструктивни и санациони активности и интервенции беа опфатени 14 училишни објекти за што инвестирани се 20,5 милиони денари во: централното ОУ Никола Вапцаров и подрачното училиште во село Г. Балдовци, централното ОУ Даме Груев село Куклиш и подрачниот објект во село Костурино, ОУ Герас Цунев во село Просениково, централното ОУ Сандо Масев и подрачните во село Баница и Водоча,  ОУ Гоце Делчев во село Вељуса, ОУ Кирил и Методиј со село Дабиле, СОУ Јане Сандански, СОУ Никола Карев, Централното ОУ Маршал Тито и подрачното во село Муртино.

Ова денес Заев не го кажа.

Така што, неговата пофалба дека заковал шајка, единствено може да се сфати како обид за собирање на ситни дневно политички поени, во пресрет на престојните избори, за кои е свесен дека катастрофално ќе ги загуби.

 
 
26.10.2015 - 17:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега