Двајцата анестезиолози од Гевгелија добија отказ

Анестезиолозите од гевгелиската болница кои биле пијани во операционата сала кога почина родилката Маја Кадиева и нејзиното бебе, денеска добија отказни решенија.

Во врска со немилите случувања кои завршија со смртен исход на родилката и новороденото од ЈЗУ Општа Болница Гевгелија известуваат дека управата на болницата, врз основа на член 186 став 1 алинеа 13 и член 206 став 1 од Законот за здравствена заштитита, а по добиените наоди дека има недозволоено количество на алкохол во крвта, ВД директорот на ЈЗУ Општа Болница Гвегелија, денеска донесе решение за изрекување на дисциплинска мерка престнок на вработување на здравствен работник: Др.Томчо Ванчев и Др.Зоран Јовановски, специјалисти по анестезиологија и реанимација, сметано од денес.

 
 
26.10.2015 - 19:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега