Иванов: Во Македонија имаме привремени прифатни центри со капацитет за 2.000 бегалци

Македонија има капацитет привремено да згрижи 2.000 бегалци. Имаме капацитет за 1.500 лица на влезот во државата во Гевгелија на јужната граница, и за 500 лица на излезот на државата на северната граница. Тоа е за привремен престој, каде мораме на бегалците да им овозможиме вода, храна, здравствени услуги, се додека не продолжат со својот пат, порача претседателот Иванов во интервјуто за телевизија Сител.

 -Значи, не станува збор за кампови, тоа се дезинформации, ние досега како држава цврство стоиме дека имаме само привремени прифатни центри кои имаат капацитет за 2.000 лица, рече македонскиот претседател.

Додаде дека целиот овој период од неколку месеци коридорот тече и нема застој, но дека повремените застои создаваат голема нервоза и големи реакции.

 -Видовме какви се реакциите во Хрватска и Словенија. Тоа како искуство беше потикатно со прашање од Јункер, доколку постои забавување на протокот, секоја земја  да обезбеди привремени сместување на одреден број на лица, кои откако ќе се ослободи коридорот би продолжиле, и не би останале. Тука секоја земја беше прозвана колку може таа да згрижи такви лица привемено, додека не профункционира повторно коридорот, рече Иванов.

Нагласи дека Македонија е кратка дестинација од 160 километри и дека не е логично кај нас да се задржуваат. - Тие кампови се предвидени во Грција и затоа ќе добијат огромна финанскиска помош за да обезбеди поголем дел од бегалците, додаде македонскиот претседател.  

Во однос на прашањето до каде е финаскиската помош од Европските институции,  Иванов истакна дека сите трошоци за мигрантите досега се на наш грб од буџетски средства, и дека само 90.000 илјади евра досега се стигнати од Европската Унија. 

-Многу пати ни е ветена таа помош но поради нивни административни процедури тоа доцни. Лично разговарав со Јункер, и неговиот заменик, и со еврокомесарот Авромопулос кој е задолжен за бегалците, за ова прашање. Нивни образложенија беа дека такви се административните процедури, но сепак дека тие средства ќе ги добиеме. Останува да видиме дали тоа што го ветија ќе го исполнат“ рече претседателот Иванов, додавајќи дека само за безбодносните сили, за армијата и полицијата трошоците се милион евра месечно.

Досега, информира претседателот, потрошени се пет милиони евра, без да се пресметаат здравствените и социјалните услуги, како и услугите на хуманитарните организации. - Тоа е дополнително, рече Иванов.

 
 
26.10.2015 - 21:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега