Латас: Раководството на СДСМ се агресивци без визија, гладни за пари и функции, по секоја цена

Деновиве се бележеа 122 години од ВМРО. Бројка е, 122 години некој тргнал по пат кој завршува со ова што го имаме сега. Тоа е битен дел од нашиот македонски тестамент. Но, она што е денес СДСМ, парталава и валкана крпа, остаток од некогашната сјајна партизанска униформа, со ниту еден збор на Македонците не им го честиташе денот, пишува новинарот Драган Павловиќ - Латас во својата најнова колумна.  

За нив, за СДСМ, не постои национална борба за самостојна Македонија. Како да не постои национална биографија и македонски тестамент. Како се што е денес Македонија да ни го донел некој од страна. По можност некој амбасадор, или барем олеснувач без идентитет... во најдобар случај, како Македонија да ја спакувал Џорџ Сорос и ни ја пратил по пошта од Америка. На нивна адреса, секако. Треба ли некому поконкретно од ова да види што е Македонија за СДСМ. Треба ли да потсетам како ВМРО и Груевски го одбележуваат АСНОМ. Кој постави споменик на асномци и Киро Глигоров пред Собрание. СДСМ не го направи ни тоа, пишува Латас.

Тој додава дека едни создаваат, градат и имаат визија... го пишуваат тестаментот. Други во темнината и друштвото на стаорците чекаат ден, се надеваат на ноќ кога ќе го запалат и ја остават Македонија без ништо.

-Без име, без народ, без визија, без тестамент. Ние, третите, сме тука да го чуваме тестаментот од мракоумните. Од таа заевистичка армија на потпросечни која денес оди наоколу во парталите од некогашните сјајни партизански шинели. Дури ни тие шинели и еполети кои им се оставени како тестамент не ги сочуваа. Не се ни обидуваат, не им го ни знаат значењето. Кога намерите не би им биле зли, а зборовите празни и измамнички, би се дружеле со нормалните, би читале барем и научиле дека умните успеале затоа што имале план и дисциплина да го спроведат. Надарените и пишувачите на тестаментот успеале да бидат таму каде што се - затоа што го имаат тоа, плус визија и моќ да ги издржат нив и таквите. Дали е случај тоа што овој СДСМ, со овие Заев, Шекеринска и Шилегов не го ни спомнаа денот на македонската борба, денот на ВМРО, на Даме Груев, Карев, Делчев... Не. Тие се посветени на нешто друго. На уништување на тестаментот. Веруваат дека е ова таа ноќ, нивна ноќ во која ќе ги сотрат сите белешки на создавањето и изградбата затоа што таму ги нема нив и нивните имиња. Како што сатрапите на ИСИЛ се трудат до темел да уништат се што потсетува на нивната маленкост и ништожност. Секој спомен и споменик на времето, културите и цивилизациите со кои тие, мрачни и зли, не владеат, пишува Латас.

Таму е така. Овде е во најава. Кога сатрапите на тестаментот низ устите на Мирослав Грчев, Фрчкоски, Шекеринска или Најчевска најавуваат уривање на се што е изградено во времето на Груевски, најавуваат дека ќе ги урнат и претопат во суров месинг сите споменици. А спомениците се на Карев, Делчев, АСНОМ, генерал Апостолски, Пере Тошев, Ченто, Димитрија Чуповски, Крсте Петков Мисирков... на Александар Македонски.

- Сето тоа еден ден, ако дозволиме, ќе биде пепел и топен месинг. Тестаментот на Македонија изеден од мракоумните. Таму е ИСИС, овде се тие, се друго е исто. Разликата е само во тоа што ИСИС има сила своето да го спроведе, а овие се на чекање. И овој СДСМ, зборувам токму за овој СДСМ сега и овде на Заев, Шекеринска и Шилегов е создаван по франкенштајнски модел како што е создаден и ИСИЛ. Експеримент на дипломати и подземна политика, плус разузнавачи и валканите пари на Сорос. Агресивна маса без идеја и визија. Само глад за пари и функции, по секоја цена, заклучува Латас. 

 
 
26.10.2015 - 21:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега