Уште утре сонце - од среда подгответе ги чадорите

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во утринските часови во некои котлини е можна појава на магла, а во текот на денот ќе дува слаб ветер претежно од источен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус два до шест, а дневната од 15 до 20 степени.

Во Скопје ќе биде претежно сончево со слаб источен ветер. Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе се искачи до 18 степени.

И во наредните денови не се очекува значителна промена на времето. Ќе се задржи претежно стабилно време.

Во среда и во четврток ќе има зголемена облачност кога не е исклучена и изолирана појава на слаб дожд. Утринската температура ќе се движи од минус еден до осум, додека дневната ќе бележи благо опаѓање. Во четврток се очекува да се движи од 12 до 17 степени.

 
 
26.10.2015 - 22:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега