Македонија подобра од 24 земји од ЕУ за водење на бизнис
Република Македонија е на извонредното 12-то место во светот според добрата бизнис клима.
Освен што е најдобра во регионот и меѓу подобрите во Европа, Македонија бележи одлични високи резултати и во светски рамки.
Премиерот Никола Груевски денес посочи дека Дуинг бизнис ја пласираше Македонија пред 24 земји членки на Европската Унија.
-Од европските земји пред нас се само скандинавските земји: Данска , Шведска, Норвешка и Финска, како и Велика Британија што потврдува дека Македонија не само што е лидер помеѓу земјите од регионот на Југоисточна Европа, туку е и меѓу лидерите во Европа и светот. Македонија на листата Дуинг бизнис годинава се најде пред многу етаблирани економии и развиени земји како Германија, Австралија, Канада, Австрија, Франција, Холандија, Јапонија и други. Македонија е рангирана пред 24 земји членки на ЕУ. Македонија е далеку пред останатите земји од регионот, како Словенија која е на 29 место, Романија која е 37, Бугарија 38, Хрватска 40, Црна Гора 46, Турција 55, Србија 59, Грција 60, Косово 66, Босна и Херцеговина 79 и Албанија 97. Иако овој резултат можеби за многумина е изненадување, ние како Влада веруваме во реформите кои ги спроведуваме во Македонија, кај кои ги применуваме светски најдобрите практики, кои ги анализираме и прилагодуваме на наши услови, рече Груевски.
Македонскиот премиер потенцира дека високиот ранг е само резултат на сработеното.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа