Водата во Охридско, Дојранско и Преспанско езеро безбедна за капење

 

Водата во Охридско, Дојранско и Преспанско езеро е безбедна за капење, пренесе Здравство24.мк.

Испитувањата што ги направиле центрите за јавно здравје покажале дека водата е од прва и втора категорија што значи водата е безбедна за капење, а испитувањата ќе продолжат и во наредните месеци.

Следни за анализирање се водите во базените за кои секој центар за јавно здравје ќе прави испитувања и анализи на водите во базените.

Извор: Здравство24.мк

најчитано сега