,,Алкалоид” со раст на консолидиран извоз од 10%, инвестиции од над 530 милиони денари и 79 нови вработувања во првите 9 месеци од 2015-та

 

,,Алкалоид АД “Скопје оствари позитивни финансиски резултати вопрвите деветмесеци од 2015 година, покажуваат неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран Биланс на успех.

 Во периодотј ануари-септември, вкупните консолидирани продажби достигнуваат 5.872 милиониденари, што е за 6% повеќе во споредба со истиот период од лани. Вкупниот консолидиран извоз на компанијата, пак, е зголемен за 10%.Зголемување од 1% е забележано и кај добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која во првите деветмесеци годинава достигнува 841 милиони денари, додека нето консолидираната добивкаод 462 милион денари е зголемена за 5%, покажува консолидираниот Биланс на успех.

 Според единечниот Биланс на успех, пак, во периодот јануари-септември, продажбите достигнуваат 4.492 милиони денари, што е за 3% повеќе во споредба со истиот период од лани. Добивката предфинансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која изнесува 811 милиони денари, бележи зголемување одоколу 1%, додека нето добивката е зголемена за 3%.

 Вкупните инвестиции во основни средства вопериодот од јануари - септември 2015 година изнесуваат 530.367илјади денари.

 Во периодот јануари - септември 2015 година во Алкалоид се реализирани 79 нови вработувања во Република Македонија.

 

 

 
 
06.11.2015 - 12:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега