ЕК: СДИ и капиталните инвестиции го зголемуваат растот и вработеноста во Македонија
Македонија покажува добро ниво на подготовка за развој на функционална пазарна економија. Забележан е позитивен развој особено во делот на создавање поволна бизнис клима. Макроекономската средина е зајакната. Владата продолжува да промовира раст и вработување преку големи инфраструктурни инвестиции и странски директни инвестиции. Ова придонесе кон подобрување на извозната структура и создавање работни места. Инвестициите значително се зголемија во 2014 година преку изградбата на патишта, железници и енергетски инфраструктурни проекти како и преку новите директни инвестиции.
Ова е наведено во Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија.
Стапката на невработеност континуирано опаѓа од 2008 година кога изнесувала 34 отсто, на 28 отсто во 2014 година. Сепак, како што нотира ЕК, се уште треба да се работи на намалување на стапката на невработеност.
Економската комисија забележува дека цените се стабилни и дека монетарната власт успешно ја одржува валутата. Има благо намалување на инфлацијата, што е резултат од намалување на цената на храната и енергијата. Банкарскиот систем исто така е стабилен. Основен извор на финансирање на банките се депозитите кои континуирано растат од 2013 година.
Во согласност со препораките за 2015 година, а со цел да се поддржи долгорочен раст, Македонија треба да обрне особено внимание на: продолжување со структурни реформи во насока на подобрување на бизнис климата и создавање ефикасна стечајна постапка, преземање дополнителни мерки за да се подобри каналот за кредитирање од страна на банките, Владата да остане посветена на продолжување на пазарните економски реформи, привлекување странски директни инвестиции и развој на приватниот сектор
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа