Поевтинува нафтата
Северноморската нафта од типот „брент“ на берзата во Лондон поскапи за 22 центи и вчерашното тргување го заврши на цена од 46,03 долари за барел, јавува франс Прес.
Поскапи и американската лесна нафта и тоа за 26 центи, па нејзината цена за испорака во декември изнесува 43,19 долари.
Во Македонија цената се формира врз основа на цената на лондонската берза. Таа вчера беше за 1,2 долари пониска од онаа која Регулаторната комисија за енергетика ја имаше предвид при објавувањето на цените на 2 ноември годинава.
Ако падот на цената на суровата нафта е добра вест за возачите, тогаш зајакнувањето на доларот сигурно не е. Со еден долар денеска може да се купат 2,5 денари повеќе отколку пред една недела.
Во такви околности, во понеделник, кога Регулаторната комисија треба да ги објави новите цени може да се очекува поскапување за околу половина денар.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа