Чавков во Софија на средба на министрите за внатрешни работи од ЈИЕ
Заменик министерот за внатрешни работи Митко Чавков денеска и утре во Софија ќе учествува на средбата на министрите за внатрешни работи во рамки на Салцбург Форумот и Конвенцијата за полициска соработка на земјите од Југоисточна Европа (ПЦЦ СЕЕ) на која актуелен претседавач е Република Македонија, соопшти МВР.
Во рамки на Форумот предвидено е излагање на заменик министерот Чавков за миграцијата низ западно-балканската рута како и за ЕУ перспективите на земјите од Западен Балкан.
Чавков ќе има обраќања и во рамки на состанокот на ПЦЦ СЕЕ, и тоа околу правната основа на ПЦЦ СЕЕ во контекст на справување со заканите кои се јавуваат од зголемениот проток на мигранти како и за стратешката и практична ориентација на процесот за имплементација и идната финансиска поддршка, се наведува во соопштението од МВР.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа