Aнтидржавното однесување на СДСМ донесе конференција за федерализација

СДСМ, нејзиниот лидер Зоран Заев и најекспонираните опозициски експоненти Љубомир Фрчкоски и Бранко Героски  изминатив период подготвуваа терен за отворање на темата за федерализација на државата. Ваквото антидржавно однесување донесе одржување на конференција на која ќе се побара втор рамковен договор и федерализација на Македонија, пишува Курир.

По објавувањето на информациите дека декемвриската конференција ќе донесе барање за федерализација преку нов рамковен договор, официјализирање на албанскиот јазик на цела територија, како и поништување на квотата за 20 проценти преку издигнување на албанската заедница над сите други, станува јасно зошто и со каква цел беа изјавите на заев за нов рамковен договор и негово рекомпонирање,на Фрчкоски за Албанец премиер и на Героски за федерализација.

Во месец мај јавноста беше фрапирана од настапот на Заев за косовска телефизија каде изнесе барања за воведување на двојазичност и рекомпонирање на рамковниот договор. Тој изнесе ставови кои ја наметнуваат потребата за федерализација на Македонија и откажување од идентитетските прашања.

Заев во интервјуто говореше за некакво продлабочување на Охридскиот рамковен договор, а имајќи во предвид дека Охридскиот договор е исполнет во најголема мера, експертите сметаат дека се подразбира дека ова е всушност понуда за федерализација, затоа што повеќе од Охридскиот договор е само федерализација каде по етничка основа би се протежирало бинационална држава.

-Јас се плашам затоа што многу граѓани се уште зборуваат за Охридскиот Рамковен договор, ние мора да зборуваме за нашите заеднички проблеми, да одиме понатаму од Охридскиот договор, затоа што сега е време и сме подготвени да бидеме еднакви и да зборуваме за заеднички цели, затоа што тоа ќе се исполни како политичко барање на албанската заедница, вели Заев.

Во истото интервју на косовската телевизија Заев изнесе и тврдење дека мултикултурализмот треба да се внесе во преговорите за името и дека треба задолжително да се изучува албанскиот јазик уште од градинките.

-Зошто ќерка ми на пример да учи турски? Ќе учи албански? За да го користи, ние сме заедно во ова општество.  Вклучување во секојдневните активности, не само во јавната администрација. Сите мора да имаат еднакви и фер шанси во иднина. Нашите црвени линии се да не дозволиме да ни ги допрат нашите особености како нација, држава, заедно со нашата посебност во однос на културата, мултиетничките разлики, рече Заев.

Љубомир Фрчкоски, поранешен кандидат за претседател на Република Македонија од СДСМ и еден од неформалните советници на Зоран Заев, пред неодамна во едно интервју во јавноста уште еднаш ја актуелизираше неговата идеја за ротирачки премиер при што по правило на неколку години треба да се избира Албанец премиер.

Kонцептот да се составува влада од една поголема коалиција и да има ротирачки премиер. Што значи ротирачки премиер? Тоа значи  Албанец  би дошол на премиерското место циклусно за две години, истакна Фрчкоски.

Дополнително, Заев ја убедуваше јавноста дека не треба да се води патриотска политика што и јасно се гледа од координираните ставови за федерализација на државата.

-Се обидовме неколку пати да играме на политики на патриотизам како партија на која не и приличи таа политика. И тука апсолутно загубивме. Чесно е да признаеме за да бараме шанса за во иднина да не правиме вакви грешки играјќи на патриотски варијанти, ќе набројам неколку, законот за бранители, Струга, Кичево, не ни приличат на нас социјалдемократите, рече Заев во една емисија на Алсат-М . 

Како врв на сето ова, во колумна насловена „Ајде да разговараме за федерализација, зошто да не“, еден од главните експоненти на СДСМ и опозициски сратег Бранко Героски кој е отворен подржувач на опозициските политики во колумна соопштува дека треба отворено да се разговара за федерализација на Македонија, заговарајќи дека тоа е концепт кој има изворна енергија и треба да се спроведе.

Стратегот на СДСМ и едно од нивните главни новинарски пера Героски на тоа  гледа како апсолвирано прашање, за кое треба да се разговара за деталите, а не дали воопшто е потребно создавање на федерализација.

-Oдржливоста на идната федерација е важно прашање за кое мораме да разговараме, спомнувајчи во колумната кантонални влади, посебни сенати, полиции, судии, факултети, создавање на локално македонско албански парламенти и слично, пишува Героски.

Тој во колумната, целосно ставајќи се на страната на радикалните албански елементи, тврди дека потребно е отворање на Охридскиот рамковен договор и негово проширување со нови права за албанците.

-Имено, тврдам дека прашањето за обликот на уредувањето на заедничката држава не е целосно исцрпено со Охридскиот договор и со Уставот и дека сосема е можно во периодот што претстои идеите за федерално уредување да се наметнат како многу сериозен предизвик за сите. Знам дека ова звучи без малку како ерес, но тоа е поради погрешното мислење дека Охридскиот договор одлучно и темелно го затвора тоа крупно прашање, кое беше актуелно во првата деценија од македонската самостојност и поради кое во почетокот на втората деценија се водеше неколкумесечна валкана војна, пишува Героски.

Героски предлага да се разговара и за збогатување на обемот на јазичните права на Албанците и дека е неопходна и билингвална федерализација. Тој во колумната пишува и дека треба да се разговара и за одржливоста на концепот на федерација.

Да формираме кантони или покраини, да избираме локални парламенти, сенати и влади, да наметнеме различни прописи и правила на игра во федералните единици, да имаме посебни полиции, судови, факултети, болници, државни телевизии и што ли уште не, да најдеме мунасип како да ги делиме рудните богатства, струјата, водите и другите ресурси, а да речеме – ние само за парламенти и за влади ќе се секираме, сето друго Скопје ќе го плати!, пишува Героски.

Тој додава дека се чини поизводлива идејата за федерализација на Македонија како земја на Македонците и Албанците.

Идејата на истакнатите опозиционери Героски и Фрчкоски и изјавите на Заев подготвувале терен конференција за федерализација. Героски отварал врата на ова што следи, додека Заев и Фрчкоски праќале сигнали на тема албански јазик и Албанец премиер заради конференцијата за федерализација планирана за декември.

 
 
18.11.2015 - 12:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега