„Волстрит џурнал“: Доделувањето помош на Грција е лесниот дел - враќањето е тешкиот
Договорот постигнат на средбата на Еврогрупата за доделување на следната транша од помошта за Грција, беше лесниот дел. Исплатата ќе биде тешкиот, пишува американскиот весник „Волстрит џурнал“, алудирајќи на тоа дека Европа никогаш нема да си ги врати парите дадени на земјата.
Американскиот весник ги оцени како „шега“ тврдењата за безбедноста на грчкиот долг. Грчкиот долг кон крајот на 2013 година ќе достигне 157 проценти од БДП, додека буџетскиот дефицит на земјата во 2012 година изнесуваше 10 отсто од БДП, како врв на тоа невработеноста достигна 26,8 проценти, земјата е петта година по ред во рецесија, што се оценува дека годинава ќе изнесува 4,4 отсто, наведува весникот „Волстрит џурнал“.
Грците и Германците го знаат тоа, исто така, знаат дека надворешниот долг на Грција е многу полош отколку пред доделувањето на спасувачкиот пакет помош, кога долгот на земјата изнесуваше 129 отсто од БДП и секоја дискусија за неговата безбедност сега звучи како шега, наведува весникот.
ФОТО: НоваТв