ИРИ: Расте евроскептицизмот во Македонија - се повеќе граѓани против НАТО и ЕУ

Се помалку граѓани во Македонија веруваат дека земјата треба да стане членка на НАТО. Споредп оследната анкета на Американскиот републикански институт (ИРИ) 74% од граѓаните поддржуваат Македонија да влезе во НАТО. Ова е значително намалување на поддршката и најниско во историјата откако ИРИ спроверува анкети поточно од јануари 2006 година. Во Јуни 2015 година 83% од граѓаните поддржувале влез на Македонија во НАТО.
Расте и противењето на граѓаните и во последната анкета е на истрискиот максимум. Дури 19% од анкетираните се против влез на Македонија во НАТО што е исто така рекорд.

Слична е ситуацијата и со поддршката за влез во ЕУ.72% од анкетираните поддржуваат влез на Македонија во ЕУ што е најниското ниво кое го измерила ИРИ од 2006 година и идентично со анкетите во 2014 година. 
Речи си секој четврти граѓанин на Македонија е против влез на земјата во ЕУ.

Анкетата е спроведена од Брима, агенција за истражување со седиште во  Скопје, Македонија, во соработка со Центарот за анкетни истражувања на ИРИ. Анкетата се спроведе преку интервјуа лице в лице од 29 септември до 5 октомври  2015, на примерок од 1 106 македонски граѓани

 
 
19.11.2015 - 12:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега