Димитриев: Европската народна партија со поддршка за ВМРО-ДПМНЕ на изборите во април

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Емил Димитриев и меѓународниот секретар Влатко Ѓорчев денес во Брисел остварија средба со Претседателот на Европската народна партија (ЕПП) Жозеп Дол.

На средбата стана збор за соработката помеѓу Европската народна партија и ВМРО-ДПМНЕ, особено во светло на претстојните парламентарни избори. Во тој контекст, ВМРО-ДПМНЕ ке ги сподели искуствата на ЕПП од последните избори за Европскиот парламент, пренесе МИА.

Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ побараа поддршка од пратениците на ЕПП за отпочнувањето на преговорите на Република Македонија за членство во ЕУ, како и поддршка за членство на Македонија на претстојниот самит на НАТО во 2016 година.

Исто така, на средбата стана збор за актуелната политичка состојба во Македонија и спроведувањето на договорот за предвремени парламентарни избори во април 2016 година.

Европската народна партија (ЕПП) е најголема политичка групација во Европа, која ги организира партиите на десниот центар. ЕПП има 75 политички партии од 40 земји со конзервативна, демохристијанска и народна ориентација. Од редовите на ЕПП доаѓаат претседателот на Европската комисија и Европскиот совет, 10 претседатели на влади од земји членки на ЕУ и 6 претседатели на влади од земји кои не се членки на ЕУ, 14 членови на Европската комисија и најголемата пратеничка група во Европскиот парламент.

 
 
19.11.2015 - 15:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега