Нормализиран сообраќајот кај тунелот „Демир Капија“

Нормализиран е сообраќајот на автопатот „Скопје -Гевгелија“ кај тунел „Демир Капија“, кој од 11 часот претпладне беше во прекин поради сообраќајна несреќа, информираат од Автомото сојузот на Македонија.

Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива по наместа влажни коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.  

Од 15-ти овој месец стапи во сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моментната временска состојба. Обврската ќе трае до 15 март следната година, соопшти АМСМ.

 
 
23.11.2015 - 16:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега