Тешка сообраќајка кај клучката Хиподром - едно лице загина, а четири се повредени

Тешка сообраќајка се случила вчера   на автопатот Куманово-Скопје кај клучка Хиподром. До сообраќајката дошло помеѓу  возило „Волксваген Голф“ со  скопски регистерски таблици и возило „Волксваген Пасат “ со кумановски регистерски таблици при што едно лице починало, а четири се здобиле со телесни повреди. Во незгодата починал О.В. (37) од с.Трновац- Кратово, сопатник во возилото „Пасат“, додека со телесни повреди се здобиле М.Т. (47) од с.Трновац, Љ.Т. (52) од с.Крилатица, Г.В.(35) од с.Трновац, како и возачот на возило „Голф“ А.Б.(25)  од Скопје. Незгодата се случила на тој начин што возачот на  возилото „Голф“ поради неприлагодена брзина  изгубил  контрола над возилото удрил во возилото „Пасат“ кое било застанато на сообраќајната лента за присилно запирање (крајна десна сообраќајна лента), излетал на десната страна од коловозната лента во зелениот појас и се превртел на кров, а ПМВ„Пасат“ од ударот се поместило и застанало на сообраќајната лента за возење (средна сообраќајна лента).

Увид на лице место извршила увидна екипа на СВР-Скопје.

 
 
24.11.2015 - 13:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега