Субрата Рој уште еднаш ќе го ѕирне Љубаниште

Индиска делегација на чело со милијардерот Субрата Рој,  денеска ќе го посети локалитетот Љубаниште во Охрид, каде, индискиот инвеститор планира да гради туристички комплекс. 

Предвидено е, Рој, во рамки на својата посета на Македонија, утре ќе се сретне со вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и со претседателот Ѓорѓе Иванов, на чија покана ќе присуствува на свеченото отворање на 53. издание на Охридско лето.

Во сабота компанијата ќе биде домаќин на голем коктел на кој меѓу другите, е најавено присуство и на претседателот Иванов и премиерот Никола Груевски, како и министри и претставници на дипломатскиот кор.

Милијардерот Субрата Рој најави голема инвестиција во Македонија, вредна стотици милиони евра, преку изградба на суперлуксузен туристички комплекс „Сахаријан Македонија“ на локација кај автокампот „Љубаништа“, на површина од 240 хектари.Комплексот предвидува повеќе содржини, луксузен хотел на вода и апартмани од највисока класа, вили, бунгалови, марина, приватни плажи, казина и голф-терени.

Индиската компанија од локалната самоуправа побара дополнинтелни 17 хектари земјиште потребни за сместувачки капацитети наменети за сместување на персоналот што е предвидено да го опслужува комплексот.

најчитано сега