Полицијата влезе во Домот на велешанец - еве што откри

Секторот за внатрешни работи Велес во соработка со надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против 41-годишниот Х.Б. од велешкото село Горно Оризари, осомничен дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

- По претходно добиени оперативни сознанија со наредба од надлежен суд во октомври извршен е претрес во домот на пријавениот во село Горно Оризари, каде во дворот од куќата пронајден е еден корен „канабис сатива“ (марихуана) со висина од 230см, информира Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес.

Таа прециозира дека стеблото марихуана е одземено и е извршено вештачење во крим техника при МВР.  

Инаку, пријавениот и претходно е пријавуван за вакви и слични кривични дела, за што му се изрекувани и затворски казни.

 
 
25.11.2015 - 12:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега