Ограбена обложувалница во гостиварско

Во Полициското одделение-Галате, синоќа во 22 часот и 25 минути, 40-годишниот Е.Б. од село Неготино, пријавил дека од страна на две непознати лица било извршено разбојништво во спортската  обложувалница без име лоцирана во куќата на 29-годишниот С.Д. од селото, а во сопственост на Д.Н. од Скопје.

МВР денеска соопшти дека додека тој ја чистел обложувалницата влегле непознатите лица при што едно од нив врз главата на Е.Б. фрлило јакна, а потоа со употреба на физичка сила бил соборен на подот. За тоа време другото лице ја извадило фиоката и од неа одзело 155 евра и околу 90.000 денари. Потоа го напуштиле местото на настанот и се упатиле правец на регионалниот пат село Добри дол-село Неготино, каде се качиле во возило непозната марка и заминале во непознат правец.

 
 
25.11.2015 - 14:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега