Трагедија во Куманово: Камион прегази 2 годишно дете

Едно деветгодишно дете загина, а друг пешак е повреден, кога паркиран камион сам се придвижил и ги згазил патниците, на локалниот пат за село Сопот, Куманово.

Имено, во вторникот, околу 17.45 часот во Куманово на локалниот пат во село Сопот, се случила сообраќајна незгода во која еден пешак загинал и уште еден се здобил со телесни повреди.

Имено, С.Џ.(46) од скопското село Арачиново, паркирал камион „мерцедес“ поради товарење на стока и излегол. Во еден момент возилото само се придвижило и со предниот дел удрило во пешаците Х.С.(35) и деветгодишно машко лице, двајцата од село Сопот.

По незгодата, пешаците биле пренесени во Медицинскиот центар Куманово, каде лекарите констатирале смрт на детето, додека пешакот Х.С. се здобил со телесни повреди и е пуштен на домашно лекување.

Увид на лице место извршила екипа од СВР-Куманово

 
 
26.11.2015 - 10:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега