Каква ќе биде новата цена на горивата во Македонија?
Бензините поскапуваат за половина денар, цената на дизелот останува непроменета. Регулаторната комисија за енергетика овој понеделник ги објави новите малопродажни цени на нафтените деривати по кои бензинските пумпи низ Македонија точат гориво неделава.
Цената на ЕУРОСУПЕР БС 95 е 62,5 денари по литар, а на ЕУРОСУПЕР БС 98 64,5 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛОТ се точи по стара цена од 49,5 денари за литар, додека за половина денар поскапо стана и екстра лесното масло за домаќинство и неговата цена сега е 38,5 денари за литар.
Мазутот поевтини за 0,526 денари и новата цена изнесува 20,787 денари за килограм.
Останува да видиме за што ќе се одлучи Регулаторната Комсија за Енергетика наредниот понеделник. Ќе возиме поскап или поевтин бензин. Инаку, предминатата недела Регулаторна одлучи горивата да поевтинат за еден денар.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа