Крвав инцидент во автобус на Илинденска

Во Тетово на улицата „Илинденска“, кај автобуската постојка кај земјоделското училиште, вчера околу 12 часот и 30 минути,  4-5 непознати лица со насилно отворање на една од вратите, влегле во автобус на „Башким Турс“ и со метални боксирачи ги нападнале учениците од Економско училиште во Тетово, И.И.(18) и М.Б.(19) двајцата од село Боговиње.

Учениците, соопшти денеска МВР, се здобиле со повреди во пределот на лицето и главата, по што биле упатени во Клиничкиот центар Тетово. Во врска со настанот приведен е 18-годишниот Љ.Б.

 
 
26.11.2015 - 12:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега