Зголемена казната за возачот кој усмрти жена кај „Зебра"

Апелацискиот суд Скопје ја потврди пресудата на Основниот суд Скопје 1 – Скопје, во врска со сообраќајната несреќа што на 7 јули годинава се случи во близина на Трговскиот центар „Зебра“. За сообраќајката во која животот го загуби жена, има преименување во делот на казната со што обвинетиот Б.Б. за кривичното дело е осуден на казна затвор во траење од шест години, во која му се пресметува и времето поминато во притвор.

За сообраќајната несреќа во која животот го загуби едно лице, обвинетиот со пресуда на овој суд од 3.9.2015 година е осуден на пет години затвор, а со второстепената пресуда, Апелациониот суд, жалбата на обвинетиот ја одбил како несонована, а жалбата на Основно јавно обвинителство – Скопје ја уважил со што казната се зголемува на шест години затвор, додека во другиот дел пресудата се потврдува.

Инаку, во сообраќајката возачот со својата Опел корса ја прегази 50-годишната жена, а таа почина во болница.

 
 
26.11.2015 - 13:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега